Доделени наградите на 59. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ - Канал 5

Доделени наградите на 59. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“

Со доделување на наградите на најдобрите театарски остварувања на сцената од Центарот за култура „Марко Цепенков“, синоќа во Прилеп заврши 59 Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. 

Доделени наградите на 59. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“

Најдобра театарска претстава во целина, според фестивалското жири, е претставата „12“ на МНТ од Скопје. Оваа претстава ја понесе и специјалната награда за колективна актерска игра.

-Театарот е местото каде невидливото станува видливо, според Питер Брук. Верувам дека секој спектакл е едно патување и упатување кон непознатото во човечкото суштествување. Во претставата „12“ во актерската работа има внатрешна вистина на преживувањето, психолошка праведност и актерство што плени. За мене „12“ е исклучително актерско достигнување на секој актер од екипата, изјави претседателката на фестивалското жири Лилија Абаџиева.

За директорот на МНТ од Скопје, Никола Кимовски, наградата доаѓа кога театарот одбележува 80 години постоење.

-Бидејќи оваа година МНТ одбележува 80 години постоење, оваа награда е од големо значење како за актерскиот, така и за техничкиот и целокупниот колектив на Македонскиот народен театар. Освоивме три награди. Притоа ја добивме значајната награда на Фестивалот „Петре“ , исто за „12“, а мора да ја споменам и поледната награда што ја добивме на Стеријино позорје“, прва по последната награда од 1986 година, па така, оваа награда е од особено значење, зашто театарот во овој момент, освен актерите, го сочинува и целиот колектив, изјави Кимовски.

Уметничкиот директор на Фестивалот Ана Стојаноска посочи дека Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ со своето 59. издание оди во нашата колективна меморија и како што рече, го затвораме со чувство на мир и исполнетост на сите зададени цели и визии, за, како може, покрај сите предизвици, да се смееме и да се осмелиме на сето тоа во и околу нас.

-Ова е фестивал на сите театри во Македонија и заслужува да биде третиран како таков. Ова, во Прилеп, е местото што ги спојува сите идеи, креативни процеси, конструктивни дијалози, ова е платформата на заедничкото театарско живеење. За жал, сѐ уште не сме дојдени до реализација на таа идеја - сите да работиме за уште поуспешен фестивал, рече Стојаноска при затворањето на Фестивалот.

Актерот Оливер Митковски е посебно горд што ја доби наградата за епизодна улога „Димче Трајковски“ во претставата „12“.

-Особено ми е драго што сега ја добивам фестивалската награда. Последниве години фестивалот се искачува на повисоко ниво. Станува сериозна институција, рече Митковски.

Марија Минчева Андонов со возбуда ја доби наградата за најдобра главна женска улога во претставата „Сите прекрасни нешта“ на штипскиот театар

-Му благодарам на Фестивалот за наградата кој е срцето на македонскиот театар. Поттик е да работиме сите на себе., рече Минчева Андонов.

За доботникот на наградата за најдобра главна машка улога Мартин Мирчевски во претставата на битолскиот театар „Црно семе“ сето било едно големо патување, авантура.

-Сето побуди големи емоции кај самата екипа, а тоа се рефлектираше, се надевам, а така беше според аплаузот, и кај публиката. Среќен сум шрто сум дел од таа екипа на битолскиот театар со кој направивме добра претстава, изјави Мирчевски.

Сашко Костов, добитникот на наградата за најдобра музика „Филип Стефановски“ за музиката во претставата на велешкиот театар „Рацин“ рече дека е премногу радосен за награда по 14 години работа во театарот. Претставата е емотивна, инспирацијата за музиката доаѓа до актерскиот изрз и, набрзо, нумерите од претставата ќе се најдат на носач на звук.

-Инспирацијата доаѓа на сцената. Од изразот на актерите. Ја работиме музиката од претставата „Рацин“. Набрзо ќе излезе првиот сингл, а до крајот на годинава и целосната музика од претставата „Рацин“ на велешкоот театар, рече Костов.

Публиката во прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков“ со бурен аплауз ги награди добитниците на годинашните награди за најдобрите театарски остварувања.

Во чест на наградените, театар Комедија од Скопје ја изведе претставата „Вистината“ во режија на на Владимир Јурц со што е спуштена завесата на 59. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ што се одржуваше во Прилеп од 6 до 13 јуни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повеќе од 200.000 луѓе ги користеле бесплатните Wi-Fi конекции обезбедени со поддршка од ЕУ и Германија

Повеќе од 200.000 луѓе го користеле WiFi4WB  - (WiFi за Западен Балкан) бесплатниот интернет низ Република Македонија од почетокот на имплементацијата на иницијативата, што ја покажува големата побарувачка за бесплатен јавен интернет пристап.

Повеќе од 200.000 луѓе ги користеле бесплатните Wi-Fi конекции обезбедени со поддршка од ЕУ и Германија

Овој значаен резултат беше одбележан денеска во Скопје, каде што претставници на Европската Унија, Германија и Владата на Република Македонија се собраа по повод завршувањето на поставувањето на WiFi бесплатниот интернет во сите 64 општини кои учествуваат во иницијативата.

Преку WiFi4WB, бесплатен јавен Wi-Fi е достапен на јавни површини избрани од општините, вклучувајќи плоштади, паркови, културни центри, библиотеки и други локации што ги користат локалните заедници. Иницијативата има за цел да го направи пристапот до интернет подостапен и да овозможи повеќе луѓе да ги искористат можностите што ги нуди дигитализацијата, независно од тоа каде живеат.

WiFi4WB е дел од EU4Digital, регионална програма која ја поддржува дигиталната трансформација и поврзаноста низ Западен Балкан. Иницијативата е кофинансирана од Европската Унија и Германската Влада, а ја спроведува Германското Друштво за Интернационална Соработка - ГИЗ, во соработка со националните институции, општините и Македонски Телеком.

Осврнувајќи се на ова достигнување, Михаел Рокас, амбасадор на Европската Унија во Република Македонија, изјави: „Дигитализацијата е еден од главните приоритети на ЕУ. Инвестираме многу во оваа област, вклучително и во нашите партнерски земји како Македонија. Надоградувајќи се на најдобрите практики и искуство од ЕУ, овој проект им нуди на граѓаните еднакви можности во дигиталната сфера преку обезбедување бесплатен Wi-Fi пристап на јавни места, од кој имаат корист и жителите и посетителите. Тоа е опиплив пример за тоа како поддршката од ЕУ се преведува во конкретни, секојдневни придобивки за луѓето и заедниците низ целата земја.“

Петра Дрекслер, амбасадорка на Германија во Република Македонија, ја истакна посветеноста на Германија на дигиталната инклузија и регионалната соработка: „Сигурниот пристап до интернет повеќе не е само прашање на погодност. Тој е од суштинско значење за пристап до образование, јавни услуги, информации и вработување, како и за целосно учество во брзорастечкото дигитално општество. Сепак, пристапот до овие можности не е секогаш еднаков. Географијата и локалната инфраструктура сè уште можат да одредат колку лесно луѓето се поврзуваат со дигиталниот свет. Токму ова е јазот што преку овој проект се обидовме да го решиме.“

Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација, ја нагласи важноста на достапната поврзаност за дигиталниот развој на земјата: „Вистинскиот успех на дигиталната трансформација не се мери во кабинетите, туку на улиците, во парковите и во секојдневието на нашите граѓани. Денес, со бесплатен и брз интернет на 72 јавни локации во 64 општини и над 204 илјади корисници, покажуваме дека дигитализацијата не е само стратегија на хартија, туку реална придобивка за граѓаните.” Министерот во продолжение истакна и дека поврзаноста повеќе не е луксуз, туку предуслов за еднакви можности, модерни јавни услуги и општество во кое никој нема да биде оставен настрана од дигиталниот напредок.

Горан Марковиќ, главен извршен директор на Македонски Телеком, ја истакна вредноста на јавната интернет-поврзаност за локалните заедници: „Улогата на Македонски Телеком во овој проект е да обезбеди врвна поврзаност, бидејќи дигиталната инклузија има вистинска вредност само кога е поддржана од највисоките стандарди. Горди сме што ја споделуваме визијата за модерно, поврзано и инклузивно општество со нашите партнери и, како партнер за имплементација на WiFi4WB, придонесуваме за нејзино остварување. Остануваме посветени на градење дигитално општество во кое секој граѓанин има еднаква можност да учествува.“

Низ Западен Балкан, WiFi4WB обезбедува околу 500 бесплатни јавни Wi-Fi мрежи за заедниците во регионот. Инспирирана од програмата на ЕУ WiFi4EU, преку која се поврзани повеќе од 7.000 заедници низ Европа, иницијативата придонесува за посилна регионална дигитална поврзаност и поголемо усогласување со европските дигитални стандарди.

Завршувањето на поставувањето на WiFi бесплатните јавни мрежи во Република Македонија претставува важен чекор кон поповрзано и дигитално поинклузивно општество, при што фокусот сега се насочува кон обезбедување континуирани придобивки за заедниците од воспоставената инфраструктура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре е Ден на жалост во Бугарија- снимките со дрон го покажуваат ужасот на верижниот судар (ВИДЕО)

На автопатот Тракија во Бугарија се случи трагедија, во која, според последните информации, загинаа 12 лица, додека 50 лица се повредени.

Утре е Ден на жалост во Бугарија- снимките со дрон го покажуваат ужасот на верижниот судар (ВИДЕО)

Поради магла и несоодветна брзина на возење, се случија неколку верижни судири, во кои учествуваа 86 возила.

Властите воведоа делумна вонредна состојба што ги опфаќа општините Јамбол, Тунџа и Стралџа. Одлуката е донесена поради вонредни околности и големата материјална штета предизвикана од тешката сообраќајна несреќа.

Исто така, беше одлучено 12 ноември да се прогласи за Ден на жалост во Бугарија. Премиерот Румен Радев најави дека ќе го посети местото на трагедијата на автопатот кон Бургас, додека властите апелираа до доброволни дарители на крв да им помогнат на повредените.

Во меѓувреме, на социјалните мрежи се објавени снимки од дрон, кои го покажуваат ужасниот обем на трагедијата во Бугарија.

Според сведоците, причина за трагедијата била големата брзина. Како што изјави еден од нив, видливоста била само еден до два метра.

„Најголемиот ужас беше во автобусот. Бевме еден врз друг. Кога излеговме, почнавме да се оддалечуваме од автобусот за да не се запали“, рече жена од автобусот полн со луѓе кои одеа на одмор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заврши првата рунда преговори меѓу Русија, САД и Украина во Абу Даби- состанокот траеше четири часа, продолжува утре

Трилатералните преговори меѓу Украина, САД и Русија за завршување на војната во Украина завршија во Абу Даби, а разговорите ќе продолжат утре наутро, 11 ноември, соопшти украинската служба за надворешно разузнавање.

Заврши првата рунда преговори меѓу Русија, САД и Украина во Абу Даби- состанокот траеше четири часа, продолжува утре

„Денешните разговори штотуку завршија. Ќе продолжат утре наутро“, се вели во соопштението.

Досега не се објавени информации за резултатите од првиот ден од разговорите, објавува „Укринформ“. Средбата зад затворени врати траеше речиси четири часа, објавува РИА Новости, повикувајќи се на извор запознаен со разговорите.

Средбата започна во 12:12 часот по локално време и се одржа со една кратка пауза.

На почетокот од разговорите, шефот на руската делегација, Владимир Медински, изрази надеж дека разговорите ќе овозможат напредок кон мирно решавање на конфликтот во Украина.

Специјалниот претставник на американскиот претседател, Џаред Кушнер, објави дека разговорите нема да се фокусираат само на завршување на конфликтот, туку и на идната безбедносна архитектура на Европа.

Руската делегација ја предводи Медински, додека американската страна, покрај Кушнер, ја претставуваат специјалниот пратеник Стив Виткоф и врховниот командант на сојузничките сили на НАТО за Европа Алексис Гринкевич.

Украинската делегација ја предводи шефот на Службата за надворешно разузнавање Рустем Умеров, а во неа се и шефот на кабинетот на украинскиот претседател Кирил Буданов, лидерот на парламентарната група на партијата „Слуга на народот“ Давид Арахамија, заменик-шефот на претседателската администрација Сергеј Кислица и заменик-шефот на Главната дирекција за разузнавање на украинското Министерство за одбрана Вадим Скибицки.

Меѓу клучните приоритети на преговорите се прекин на непријателствата, сигурни безбедносни гаранции за повоениот период, економската обнова и развој на Украина, како и хуманитарните прашања.

САД посредуваат во работните преговори меѓу Украина и Русија, кои се одржуваат на 10 и 11 ноември во главниот град на Обединетите Арапски Емирати.

Според претходните најави, клучните теми на разговорите вклучуваат прекин на непријателствата, безбедносни гаранции за Украина по војната, економска обнова на земјата и хуманитарни прашања. Претходни разговори во сличен формат беа одржани на почетокот на февруари. Пред трилатералниот состанок во Абу Даби, украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараше со специјалните претставници на американскиот претседател Стив Виткоф и Џаред Кушнер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер